Утрински Весник
Македонија

Османи на неформален состанок на НАТО министрите во Берлин

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе учествува на неформалниот состанок на НАТО министрите за надворешните работи, што ќе се одржи од 14-ти до 15-ти мај, во Берлин.

Во фокусот на разговорите ќе биде руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, вклучително и безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите во Мадрид.

На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.

На маргините на состанокот, се очекува министерот Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, како и со други хомолози.

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија