Утрински Весник
Македонија

Османи: Нашите соседи да бидат мотор, а не кочница при евроинтеграциите

Османи: Нашите соседи да бидат мотор, а не кочница при евроинтеграциите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на видеоконференција посветена за Западен Балкан по 2020 година – Акции и одлуки во време на пандемија.

Во своето излагање Османи зборуваше за заложбите на нашата земја во евроинтегративниот процес, како и нашите очекувања за навремено усвојување на преговарачката рамка, при тоа раководејќи се од принципите на новата методологија во преговарачкиот процес.

„Ги повикувам нашите европски пријатели да го препознаат моментумот и да не ја пропуштат шансата да се финализира крајот на годината онака извонредно како што почна. Посакувам нашите соседи да бидат моторот, а не кочницата во нашиот процес на интеграција и заеднички да ги уживаме придобивките од политичката, економската и социјалната трансформација на регионот“, истакна Османи.

„Земјите од Балканот припаѓаат на европското семејство – географски, историски, културно, вредносно и својата иднина ја гледаат како дел од Европската Унија. Перспективата за членство во ЕУ е мобилизирачки фактор кој ги обединува сите општествени чинители и движечка сила за успешно спроведување на реформите и справување со предизвиците со кои се соочуваме на тој пат“, додаде тој.

Настанот беше организиран од Европскиот либерален форум, поддржан од Фондацијата за либерална интеграција и кофинансиран од Европскиот парламент.

Конференцијата ја отвори и со неа модерираше пратеникот во Европскиот парламент и известителот за Република Северна Македониа, Илхан Кјучук, а свое обраќање имаше и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите