Теарце, 2 јуни 2020 (МИА) – Мобилизирање на локалните кризни штабови за директна комуникација со луѓето и нивно убедување да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, наместо колетивни рестриктивни мерки. Ова е насоката на која ќе се практикува се почесто за намалување на ширењето на Ковид-19, истакна од тетовско Теарце, главниот координатор на кризните штабови на општините и вицепремиер за европски прашања Бујар Османи.
-Затоа сме тука да се дадат личните пораки-нема никој да може да контролира однесување на луѓе освен ако секој од нас биде свој полицаец, свој лекар за себе и за своето семејство, а заштитните мерки се лесни, нема полесни заштитни мерки од носење маски и миење раце. Ова е спас за сите други рестриктивни мерки, дали тоа е полициски час или карантин или други потешки мерки. Локалните лидери и да почнат да зборуват со луѓето за опасноста од вирусот, да ги отфрлат теориите на заговор за непостоење на вирусот и да работат со луѓето да се издржи уште малку, рече Османи.
Локалните авторитети се тие кои сега ќе имаат поголемо значење и поголема улога, смета Османи, наведувајќи го градоначалникот на Теарце, Исен Асани, кој имал смртен случај, но не дозволил групирање за изразување на сочувство.
-Ако тој тоа го направил кога му починала сестрата, дава личен пример како да се однесуваат и другите. Локалните штабови ќе ги потсетуваат луѓето да не се собираат во домовите и самите да придонесат за намалување на ширењето на заразата, рече Османи.
-Пред месец дена ми почина сестрата. Знаејќи ги обичаите, да дојдат дома за сочувство, не го дозволив поради состојбата. За добро на семејството и за другите луѓе, мора секој така да прави така, затоа што ни се зголемија бројките на заразени со Ковид-19 во селата на нашата општина, рече Исен Асани, градоначалник на општина Теарце.
Општина Теарце досега има еден починат и девет излекувани од Ковид-19. ас/рп/