Утрински Весник
Македонија

Османи и Генчовска денеска во Софија ќе го потпишат билатералниот протокол

Министрите за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија, Теодора Генчовска и Бујар Османи, утрово во 10 часот по бугарско време ќе потпишат посебен билатерален протокол меѓу двете држави, откако ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија во насока на финализирање на документот.

dobivaj vesti na viber

Документот, како што пренесуваат бугарските медиуми, ќе биде дел од преговарачката рамка на Скопје за членство во ЕУ и содржи мерки за наставните програми за историја, говор на омраза и култура.

Со 68 гласа „за“, македонското Собрание вчера и даде зелено светло на Владата да го усвои францускиот предлог. Одлуката помина со гласовите на владејачката СДСМ и албанските партии од власта и опозицијата. Токму преку оваа процедура, откако Скопје и Софија ќе потпишат билатерален протокол, може да се одобри преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

Меѓутоа, во пракса, првата меѓувладина конференција нема да биде вистински почеток на преговорите меѓу Скопје и Брисел. Тоа ќе се случи само кога властите во Скопје ќе го сменат Уставот и ќе ги вклучат Бугарите рамноправно со останатите националности, пишуваат бугарските медиуми.

Во текот на идните преговори, Европската комисија ќе следи дали се почитуваат прашањата за добрососедство, а Бугарија во секое време ќе може да стави вето.

Можете да прочитате

Љутков: Руралниот туризам – приоритет на Министерството за култура и туризам

Мицкоски: Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините

Хоџа: Системски го менуваме пристапот кон индустријата, построги правила и понизок праг на емисии особено во урбаните средини