Утрински Весник
Македонија

Османи и Адеми негативни на КОВИД 19

Османи и Адеми негативни на КОВИД 19

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за образование и наука Арбер Адеми се нагативни на КОВИД 19. Тие денеска на своите Фејсбук профили објавија дека е негативен првиот тест што им бил направен.

–  По една недела изолација, првиот тест за 19-негативен. Врз основа на одлуката ми требаат уште седум дена за да останам во изолација, а потоа и вториот тест, напиша вицепремиерот Османи.

Министерот Адеми, кој исто така информира дека е негативен, им се заблагодари на сите за поддршката и им посака брзо закрепнување на сите заболени.

– Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да останат дома, да внимаваат на хигиената и да одржуваат меѓусебно растојание од два метра, напиша Адеми.

Османи и Адеми заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во самоизолација откако имаа средба со градоначалникот на Куманово кој е позитивен на КОВИД 19. бак/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме