Утрински Весник
Политички Партии

Османи: Исполнети сите предуслови за да биде донесена позитивна одлука на 26 март (ДПЛ)

Османи: Исполнети сите предуслови за да биде донесена позитивна одлука на 26 март

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Европската комисија денеска во вонредниот извештај за напредокот на земјава уште еднаш ја потврди препораката за отпочнување на преговорите со Европската унија, соопшти попладнево вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На прес-конференцијата во Секретаријатот за европски прашања, Османи рече дека во извештајот јасно се констатира реформската определба на државата особено преку успешните резултати во областите кои Европскиот совет ги имал потврдено како приоритети како што се судството, јавната администрација, безбедносните служби и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

– Во извештајот се констатира дека Република Северна Македонија има направено дополнителен напредок и тоа не само во донесување на законите туку и во имплементирање на законите и успешно функционирање на институциите, рече Османи и додаде дека со тоа се исполнува и вториот предуслов, односно исполнети се двата предуслови за на 26 март да се донесе одлука за започнување на преговори со Европската унија.

Очекува одлука за почеток на преговорите да биде донесена и за Северна Македонија и за Албанија.

Османи информираше дека на веб страната на Холандскиот парламент објавен е извештајот од пратениците кои го подготвиле после посетата на нашата земја, во кој се констатирани позитивни оценки за напредокот на Северна Македонија и за потребата за почнување на преговори со ЕУ

Вицепремиерот истакна дека уште пред самитот во март ќе се расчистат дилемите дали само нашата земја или во пакет со Албанија ќе ги почнат преговорите со Евроската унија, и дека е оптимист дека ќе добиеме одлука за преговори. бк/бак/

Прес на Бујар Османи за извештајот на ЕК

Posted by MИА.mk on Понеделник, 02 март 2020

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт