Утрински Весник
Македонија

Османи: Има можности за решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Османи: Има можности за решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оцени дека постојат сериозни можности за решение на спорот со Бугарија до крајот на годината.

Шефот на дипломатијата нагласи дека клучно ќе биде дали ќе има страна во Бугарија која ќе разговара во однос на овие прашања.

„Сметам дека има сериозни прозорци на можност за решавање на спорот до крајот на оваа година и сите се ангажирани. Прозорците се пред и по нашите избори, септември, октомври и декември, и мислиме дека постои шанса да се најде решение. Сепак, не сакам да се врзуваме со датуми поради тоа што општеството живее со тие рокови и со тие надежи и фрустрации на датуми и рокови“, изјави Османи.

Министерот посочи дека во моментов е важно да се формираат институциите во Бугарија за да може да имаме дијалог којшто ќе произведе резултати.

Можете да прочитате

Син ја претепал мајка си во Скопје – заврши со тешки повреди во болница

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор