Утрински Весник
Македонија

Османи за првпат седна на масата на НАТО, на состанок со министрите од другите земји-членки

Османи за првпат седна на масата на НАТО, на состанок со министрите од другите земји-членки

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пристигна во седиштето на НАТО каде започнува дводневниот состанок на Северноатлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, кои првпат по 2019 година ќе се сретнат лице в лице.

На овој состанок, по прв пат со физичко присуство, ќе учествува и македонски министер за надворешни работи, кој ја претставува земјата како полноправна челнка на Алијансата.

При самиот влез Османи испрати пораки за значењето и очекувањата од престојниот министерски состанок.

„Историски момент и за мене, и за Република Северна Македонија, за прв пат физички на масата на министерскиот состанок во пресрет на нашата прва годишнина од полноправното членство во Алијансата“, истакна Османи.

„Стоиме на ниво на задачата со нашето членство во Сојузот, придонесувајќи кон стабилноста на регионот, ширејќи ги НАТО вредностите, активно придонесувајќи за надминување на современите предизвици на Алијансата“, посочи Османи пред стартот на дводневниот министерски совет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје