Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Османи во посета на Луксембург и Белгија

Османи во посета на Луксембург и Белгија
300x250 opst2

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре, 10 февруари, во Луксембург ќе се сретне со неговиот колега, министерот за надворешни и европски работи и министер за имиграција и азил на Луксембург, Јан Аселборн, претседателот на Собранието Фернанд Етген, претседателот на комисијата за надворешни работи во Собранието на Луксембург, Кручтен Ивес.

Од Луксембург, Османи утредента продолжува во работна посета на Кралството Белгија каде домаќин му е заменик – премиерот и министер за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија и за федерални културни институции, Софи Вилмес. Во рамките на посетата на Белгија, Османи ќе оствари и средба со претседателот на белгискиот парламент Елиан Тилие и претседателот на Белгискиот Сенат Стефан Д’Хос.

„Покрај билатералните односи со земјите на Бенелукс, акцент на разговорите ќе биде ставен на европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката за почеток на Советот за ЕУ за почеток на преговорите. На средбите се очекува да се разменат информации и за актуелните состојби поврзани со пандемијата и соработката на тој план, во функција на поскоро надминување на оваа глобална здравствена криза“, соопшти МНР.

Во рамките на работните посети на Луксембург и Белгија, министерот Османи ќе оствари и средби со високи претставници на Европската унија и на НАТО, меѓу кои и средба Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и средба со комесарот за буџет, поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уште една смрт поврзана со случајот „Пулс“ – почина осомничен полициски службеник

Македонија ја освои престижната награда за „Развивање на Темата” на ЕКСПО 2025 во Осака

Бојан Маричиќ од Киев: „Консензусот во ЕУ ќе дојде, но прво треба дела“