Утрински Весник
Македонија

Османи: Во најскоро време комисиите продолжуваат со работа

Османи: Во најскоро време комисиите продолжуваат со работа

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше одвоени средби со македонските членови во трите билатерални комисии, и тоа: во Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Грција; во Меѓународната група на експерти за имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци со Грција; како и во Заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

„ Веќе подолг период, соочени со предизвиците од Пандемијата и последните парламентарни избори, од објективни причини се забави работата на комисиите. Имајќи ја предвид важноста на овие теми, нашиот приоритет за активен придонес во продлабочување на добрососедските односи, а во согласност со Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, очекуваме овие комисии да продолжат со работа, да имаме еден вид рестарт на нивните активности, и со тоа да се придонесе во надградбата на довербата“, истакна Османи, упатувајќи благодарност до членовите не Комисиите за нивната досегашна работа и постигнатите резултати.

Министерот Османи посочи дека се преземаат сите потребни активности и подготовки во најскоро време на комисиите да им биде овозможено продолжат со работа, а што ќе биде предмет на координација со нашите пријатели од соседството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во регистарот на ДКСК евидентирани 1.916 службени возила – ќе добијат црвени таблички до септември 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Љутков: Објавена е јавната набавка за изградба на Универзална сала