Утрински Весник
Македонија

Османи во Варшава: Мора да го вратиме кредибилитет во процесот на проширување

Османи во Варшава: Мора да го вратиме кредибилитет во процесот на проширување

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во пресрет на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, денеска во Варшава оствари средба со министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто.

На средбата беа разменети мислења и очекувања поврзани со ревитализацијата и улогата на политиката на проширување на Европската Унија. Акцентот беше ставен на eвропската перспектива на Северна Македонија, за што Финска изразува целосна поддршка.

„Благодарни сме на принципиелната поддршка од страна на Финска и нејзините цврсти ставови за поддршка на целиот регион. Повеќе од потребно ни е да ја вратиме довербата и кредибилитет во процесот на проширување, како најважниот придонес кон стабилноста и безбедноста и на регионот и на целиот континент“, изјави Османи, потенцирајќи притоа дека земјава остануваме цврсто посветена на процесот на реформи во клучните области.

Двајцата министри разговараа и за развојот на билатералните односи, економската соработка, состојбата со Ковид-19 и во двете земји како и други актуелни прашања.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на нашата држава во НАТО

Царинска управа: Откриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца уапсени