Утрински Весник
Македонија

Османи во Брисел на итен состанок со министрите за надворешни работи на НАТО

Османи во Брисел на итен состанок со министрите за надворешни работи на НАТО

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Брисел каде што ќе учествува на вонреден состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што ќе се одржи во седиштето на алијансата.

На состанокот ќе се дискутира за актуелните безбедносни состојби во Украина по воената руска инвазија во земјата, како и пошироките импликации врз евроатлантската безбедност. Дополнително ќе стане збор за мерките и активностите што алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирањето на безбедноста на сите земјите членки на НАТО, како и поддршката за Украина.

Османи ќе го искористи присуството на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО да оствари и неколку билатерални средби со министри за надворешни работи на земји членки на алијансата и партнери.

Можете да прочитате

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош