Утрински Весник
Македонија

Османи: Вонредната состојба да се искористи за максимален фокус врз здравственото прашање, но и за комуникација меѓу партиите

Османи: Вонредната состојба да се искористи за максимален фокус врз здравственото прашање, но и за комуникација меѓу партиите

Штип, 3 јуни 2020 (МИА) – Овие две недели треба да се искористат за максимален фокус на здравственото прашање, како и за комуникација меѓу политичките партии, за да се постигне консензус за датумот за предвремените парламентарни избори, смета вицепремерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој при денешната посета на Штип изјави дека токму дополнителните две недели вонредна состојба им даваат простор на партиите да функционираат помалку под притисок за роковите.

– Има време во текот на вонредната состојба да ја продолжиме комуникацијата за да постигнеме консензус, вели Османи.

Прашан за протоколите за избори и како ќе се гласа на денот на изборите, Османи со став дека тие се носат од Комисијата за заразни болести на барање на претседателот на државата.

– Тие имаат подготвено еден документ којшто му го имаат доставено. Меѓутоа ќе видиме како ќе се одвиваат трендовите во овој период и така ќе се адаптираме. Здравјето е пред се, порача Османи. вдј/бак/

Османи Штип

Posted by MИА.mk on Среда, 03 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “Support Коcani“

ЛАДЕН БРАН СРЕДЕ МАЈ: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!