Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи – Ашкенази: Постои нагорен тренд на соработката меѓу Северна Македонија и Израел

Османи – Ашкенази: Постои нагорен тренд на соработката меѓу Северна Македонија и Израел
Img 7972

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Габи Ашкенази.

„Непосреден повод за разговорот е дваесет и петгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел. Министрите Османи и Ашкенази се осврнаа на постигнувањата во изминатиот период, при што констатираа висок степен на пријателство меѓу двете земји и нагорен тренд во меѓусебната соработка, во сите области од заемен интерес“, соопшти МНР.

Воедно била потенцирана и заложбата за продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупната соработка.

Министрите Османи и Ашкенази размениле мислења и за актуелните состојби на регионален и глобален план.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години

Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните