Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ослободен саудиец кој по грешка бил уапсен за убиство

Ослободен саудиец кој по грешка бил уапсен за убиство
Img 7972

Саудискиот државјанин, уапсен во вторникот на аеродромот во Париз под сомнение дека е поврзан со убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги, е ослободен откако властите заклучиле дека станува збор за погрешен идентитет, соопшти денеска париското обвинителство.

Обвинителите во соопштението наведоа дека проверките покажале дека наредбата издадена од Турција, која го иницираше апсењето кога пасошот на мажот беше скениран за време на граничните проверки, не се однесува на човекот уапсен на аеродромот, пренесува Ројтерс.

Опсежните проверки на идентитетот на ова лице покажале дека не се бара, па затоа е пуштен на слобода“, се вели во соопштението на обвинителството.

Амбасадата на Саудиска Арабија во Париз вчера соопшти дека уапсениот „нема никаква врска со предметниот случај“ и дека треба веднаш да биде ослободен.

Можете да прочитате

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови

Трамп испрати авиони во венецуелскиот воздушен простор за борба против нарко-картелите