Утрински Весник
Магазин

„Оскари 2021“ ќе се емитува во живо од повеќе локации

„Оскари 2021“ ќе се емитува во живо од повеќе локации

Академијата за филмска уметност и наука е очигледно решена да организира физичка а не виртуелна церемонија на доделување „Оскари“ на 25 април.

„Оскари 2021“ ќе биде настан што ќе се емитува во живо од повеќе локации, соопштија организаторите во средата.

Портпарол на Академијата во изјавата наведува дека и покрај пандемијата што предизвика хаос во забавната индустрија, академијата „е одлучна да организира церемонија на доделување награди, притоа давајќи приоритет на јавното здравје и безбедност на сите што ќе учествуваат“.

„За да создадеме шоу што нашата глобална публика сака да го види, прилагодувајќи се на барањата на пандемијата, поради што церемонијата ќе се емитува во живо од повеќе локации, вклучително и од обележјето Долби театарот во Холивуд“, додаде портпаролот.

Долби театарот во Холивуд веќе низа години е место на одржување на Оскарите.

Во нормални услови, стотици врвни светски филмски sвезди би се собрале во театарот со 3.400 седишта за шоу во живо, на кое му претходеше црвен тепих преполн со фотографи, репортери и сниматели.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Утре Свети Арсениј ја спушта благодатта врз оние што го повикуваат – ги услишува оние што се затрупани со грижи, кои се без работа или без надеж

Најздравата билка на светот, а никој не ја јаде

Бизарно и вознемирувачко: Апликација што “ги оживува” починатите предизвика бројни критики (ВИДЕО)