Утрински Весник
Спорт

Осака за една година заработи рекордна сума за женски спортови

Серена против Осака за прв пат од финалето на „Ју Ес Опен“

Њујорк, 22 мај 2020 (МИА) – Јапонската тенисерка Наоми Осака постави нов женски спортски рекорд, заработувајќи 37,4 милиони долари за една година и стана најплатена спортистка во светот. Таа парите ги заработи од турнири, реклами, хонорари за разни настапи и од други комерцијални зделки.

Во рангот на списанието „Форбс“ на спортисти од двата пола, Осака го зазема 29-то место. Претходно, спортистките никогаш не заработиле толкава сума.

Американката Серена Вилијамс го зазема 33-то место – таа заработи 36 милиони долари. За прв пат од 2016 година, две жени влегоа во првите 100 спортисти (освен тенисерки, нема други жени на оваа листа). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина