Утрински Весник
Македонија

Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода доби нов градоначалник. Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник Филип Темелковски, кој воедно беше негов противкандидат на овие локални избори. При примопредавањето, Темелковски му честиташе и му посака среќа и успех со раководењето на општината во наредниот четиригодишен период.

Ѓорѓиевски му се заблагодари и најави дека веднаш отпочнува со реализирање на зацртаното, односно дадените ветувања пред граѓаните, кои се дел од изборната програма.

„Првите чекори се вршење увид во тековните работи во општина Кисела Вода, ревизија во актуелните случувања, како и ревизија во работата во изминатиот четиригодишен период за точно да се утврди фактичката состојба“, рече Ѓорѓиевски.

Напомена дека уште од првиот ден започнува со транспарентно и отчетно работење со граѓаните, се до реализација на целосната програма која е креирана заедно со, и исклучиво во интерес на граѓаните. Оттука, најави и дека Кисела Вода ќе биде општина во која градоначалникот ќе биде достапен за секој свој жител.

Можете да прочитате

Невреме го парализира скопскиот аеродром – авиони кружат и не можат да слетаат

Утре ќе се распише огласот за избор на нов претседател на ДКСК

Невреме во Скопје, продолжува кон Велес, Штип, Крива Паланка…