Утрински Весник
Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Народот силно покажа дека Луј Витон судството мора целосно да се демонтира

Орце Ѓорѓиевски: Народот силно покажа дека Луј Витон судството мора целосно да се демонтира

Скопје, 27 февруари 2020

Правдоубиецот Зоран Заев се соочи со гневот и револтот на нашите граѓани. Затоа се крие и молчи.

Фатен е на дело како договара судски одлуки и активности на обвинителството. Тоа е јасен показател како Луј Витон власта, креирала Луј Витон судство кое треба да ги штити за криминалите корупцијата, рекетот којшто го прават, но и да ги заштити и за торбите со милиони кои ги изнесувале од нашата земја.

Затоа имаме ситуации кога насилникот Курто Дудуш поминува само со опомена, затоа имаме ситуација шверцерот-градоначалник Боро Марлборо да помине само со три месеци затвор, затоа имаме ситуација Вилма Русковска да не покренува случај за очигледен поткуп на гласачи во Струмица.

Оттука е јасно зошто Русковска и Јовевски се уште не го повикале Зоран Заев да даде барем исказ во обвинителството за скандалозното мешање на Заев во судската власта, за неговата улога во финансирањето на Телевизијата на Боки 13 или за средбите на Вице Заев со Зоран Милески -Кичеец.

Замислете Русковска вчера дури посочи дека тоа што Вице Заев имал средби со Кичеец во период кога рекектот бил во полн ек, за неа не било доволна индиција.

За Русковска е нормално Боки 13, без поддршка на власта,  да изрекетира десетици милиони евра. Епа нормално е кога се работи за Луј Витон судството. На дело се гледа спрегата помеѓу Мафијата, Заев и судските власти во Република Македонија.

Затоа  народот јасно покажа дека Луј Витон судството мора целосно да се демонтира. Тоа е возможно ако се почне со  покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев, заради мешање во обвинителски и судски постапки, како и мешање во одлуки на Врховниот суд.

Тоа е можно со итна и неодложна ревизија на работата на сите Врховни судии без исклучок и ревизија на сите нивни одлуки.

Тоа е можно само со итна реформа на Советот за реформи во правосудството со меѓународна експертска помош.

Заев ги губи претстојните избори. Тоа е јасно како ден, па дури и на членовите на СДСМ. Колку побрзо Заев се помири со тоа, дотолку ќе биде подобро за Македонија и за нашите граѓани.

Изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб

ИЈЗ: Постојаното седење на климатизирано може да предизвика здравствени проблеми

Маријана Илиевска е нова членка на Советот на јавни обвинители