Утрински Весник
Македонија

Оружје, експлозив и муниција прoнајдени во куќа во Прилеп

Оружје, експлозив и муниција прoнајдени во куќа во Прилеп

Прилепската полиција, по добиена судска наредба, денеска извршила претрес во дом и други простории кај 50-годишник од овој град, со иницијали Д.Р.

Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени и одземени пушка „црвена застава“ калибар 16 милиметри, пиштол од германско производство калибар 9 милиметри, 4 парчиња спорогоречки штапин за експлозив, детонаторска каписла број 8, 10 парчиња муниција со калибар 7,9 милиметри и 6 ловечки патрони, за кои не поседувал дозвола.

По целосно документирање на случајот против прилепчанецот ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали.

Можете да прочитате

Македонија под влијание на топол бран од Африка, температури до 38 степени!

Сончево и топло, до 39 степени

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути