Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Организаторите на „Греми“ ги менуваат правилата по обвинувањата за корупција

Организаторите на „Греми“ ги менуваат правилата по обвинувањата за корупција
300x250 opst2

Организаторите на музичките награди „Греми“ во петокот објавија крај на таканаречените „тајни одбори“ што доведоа до обвинувања дека највисоките почести во музичката индустрија се отворени за местење.

Американската музичка академија соопшти дека номинациите за следните Греми- награди во јануари 2022 година ќе бидат избрани од сите нејзини 11,000 членови со право на глас, наместо од одбори од 15-30 експерти чии имиња не беа откриени.

Академијата беше критикувана минатата година кога канадскиот музичар Викенд не доби ниту една номинација за „Греми“, иако неговиот албум After Hours беше еден од напродаваните во 2020 година.

Викенд, во објава на Твитер во ноември минатата година, напиша: „Греми остануваат корумпирани. Вие ми должите мене, на моите фанови и на транспарентноста во музичката индустрија”.

Можете да прочитате

Креативна есен во срцето на Скопје – Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима