Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Орбан ја повика Европската комисија да ги суспендира сите процедури

Орбан ја повика Европската комисија да ги суспендира сите процедури
Img 7972

Орбан ја повика Европската комисија да ги суспендира сите процедури кои би можеле да ги поткопаат активностите на земјите-членки насочени кон заштита на територијалниот интегритет.

Во писмо испратено до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, премиерот на Унгарија, предупреди на ситуацијата што се развива на источните граници на ЕУ, посочувајќи дека дебатата меѓу ЕК и Унгарија остава неодговорени некои клучни прашања.

Орбан посочи дека во сегашната вонредна ситуација која ја загрозува безбедноста и територијалниот интегритет на блокот на ЕУ, земјите-членки не можат да бидат оспорени и казнети затоа што применуваат одржливи и пропорционални решенија за кризата што им се заканува на сите.

Унгарскиот премиер потсети дека во заклучоците од 21 и 22 октомври, Европскиот совет ја повика ЕК да предложи промени на неоперативната и застарена правна рамка на ЕУ и да им овозможи на земјите-членки да подготват соодветен одговор за бегалците и миграциските прашања.

„ Можеби сите би можеле да се согласиме дека сегашната правна рамка не обезбедува соодветни правни средства што земјите-членки на ЕУ изложени на притисок би можеле да ги применат во кризни ситуации“, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација