Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Орбан: Унгарија ќе биде меѓу последните што ќе ја напушти ЕУ доколку некогаш се расформира

Орбан: Унгарија ќе биде меѓу последните што ќе ја напушти ЕУ доколку некогаш се расформира
Img 7972

Унгарија мора да остане членка на Европската Унија за да обезбеди постојан пристап до нејзиниот единствен пазар, изјави денеска премиерот Виктор Орбан и посочи дека земјата ќе биде меѓу последните што ќе го напуштат блокот доколку некогаш се распадне.

Унгарија и Полска одржаа дискусии со Брисел за прашања кои се движат од правата на ЛГБТ популацијата до слободата на печатот, а во јули Европската комисија покрена правни постапки против двете земји, наведувајќи дискриминација врз геј заедницата, пренесуваат медиумите во регионот.

Унгарската агенција за државен долг (KCA) собра еквивалент од 4,4 милијарди евра (5,2 милијарди американски долари) на глобалните пазари оваа недела, што е многу повеќе од очекуваното за да го „покрие“ доцнењето на фондовите на ЕУ за закрепнување од епидемијата на коронавирусот.

Унгарскиот премиер Орабан изјави дека главната причина за останување во ЕУ не се парите што доаѓаат од Брисел и оцени дека оваа недела продажбата на долгот покажа дека унгарските финансии се на стабилна основа.

“Ако ја погледнете целата година, ќе добиеме повеќе пари од Брисел отколку што плаќаме. Но, ако го одземете износот што тече кон земјите од западните компании, салдото е негативно”, рече Орбан во интервју за јавното радио.

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа