Утрински Весник
Свет

Орбан предупреди на рецесија во Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека постојат изгледи за доаѓање на „ера на рецесија“ во Европа.

Причината е што континентот се бори со растот на цените на енергијата и високата инфлација поради војната во Украина.

Обраќајќи се во парламентот, каде што положи заклетва како премиер по победата на изборите во април, Орбан рече дека Будимпешта нема да ги блокира санкциите на ЕУ наметнати на Русија поради нападот врз Украина се додека тие не претставуваат ризик за енергетската безбедност на Унгарија, пренесе „Ројтерс“.

Унгарскиот премиер изјави и дека владата ќе работи на сузбивање на инфлацијата во земјата, а притоа ќе преземе внимателни чекори во однос на регулирањето на цените.

Додаде дека владата ќе ги координира своите чекори со централната банка.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел