Утрински Весник
Свет

Орбан: Никој не може да избега од вирусот

Орбан: Никој не може да избега од вирусот
Dik 300x250 mk

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, додавајќи дека станува збор за индивидуална одговорност и заштита. Тој истакна дека вакцинацијата спасува животи.

Орбан за унгарското радио „Кошут“ ​​изјави дека над 3,14 милиони Унгарци ја примиле првата доза на вакцината, а над 1,3 милион ги примиле двете дози, пренесува унгарската агенција МТИ.

Тој додаде дека како резултат на коронавирусот вчера починале 241 лице, претежно стари лица, и дека бројот на луѓе во болницата
падна под 10.000 на 9.459, додека 1.117 лица се прииклучени на апарати за дишење.

Орбан изјави дека дваесет и седум деца се во болница, помлади од 14 години, и дека од тој број, две деца се на апарати за дишење.

Досега, според него, вкупно 4,21 милион луѓе поднеле барање за вакцинација.

Орбан исто така рече дека не е точно дека, кога се вакцинираат 60 до 70 проценти од населението, остатокот нема да мора да се вакцинира.

„Никој не може да избега од вирусот“, рече Орбан, додавајќи дека вакцинацијата може да обезбеди заштита и да спаси животи на поединци.

Тој рече дека следните шест недели ќе бидат одлучувачки за епидемијата и дека Унгарија наскоро може да го удвои бројот на вакцинирани лица.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно