Утрински Весник
Свет

Орбан: Наскоро договор со „Синофарм“, чекавме да видиме како кинеската вакцина ќе влијае на Србите

Орбан: Наскоро договор со „Синофарм“, чекавме да видиме како кинеската вакцина ќе влијае на Србите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека најверојатно ќе потпише договор со кинеската компанија „Синофарм“ за набавка на вакцина против коронавирус и додаде дека чекале да видат како ќе се одвива масовната вакцинација со кинеската вакцина во Србија.

На почетокот на јануари, Србија доби еден милион дози од кинеската вакцина на „Синофарм“ и со тоа стана првата европска земја што започна програма за масовно вакцинирање со таа вакцина, пренесува „Ројтерс“.

Орбан за државното радио изјави дека и самиот ќе ја избере кинеската вакцина, затоа што најмногу ѝ верува.

Унгарија на тој начин би станала првата земја членка на ЕУ чии граѓани би ја примиле кинеската вакцина доколку биде одобрена од унгарските власти, а минатата недела стана првата земја на ЕУ што купи руска вакцина „спутник В“.

Првата испорака на Синофарм може да содржи милион дози.

Орбан рече дека Унгарија може да вакцинира околу 1,7 милиони луѓе до март.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија