Утрински Весник
Свет

Орбан: Европа не смее да подлегне на влијанието на Сорос

Потпретседателката на ЕК му одговори на Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европа не смее да подлегне на влијанието на мрежата на финансиерoт Џорџ Сорос.

Според него, таа мрежа со години работи на претворање на Европа во имигрантски континент.

Орбан реагираше на текстот на Сорос за порталот „Проџект синдикејт“, во кој американскиот бизнисмен со унгарско потекло ги советува европските лидери строго да ги казнуваат оние членови кои не сакаат да бидат дел од обединетото европско царство под слоганот „Отворено небо“.

Орбан во објава на англиски јазик на својата официјална веб-страница напиша дека многумина веруваат дека на економскиот криминал на Сорос не вреди да се одговара затоа што неговите финансиски шпекулации уништија животи на милиони луѓе, пренесува МТИ.

„Иако од различно потекло, европските нации се поврзани со заеднички корен на нашата вера. Христијанската слобода обезбеди слобода на мислата и културата и создаде позитивна конкуренција меѓу народите. Овој прекрасен амалгам на контраст ја направи Европа водечка сила во минатите векови”, рече Орбан.

Историското искуство покажува дека Европа повторно ќе биде голема ако нејзините народи повторно станат големи и се спротивстават на сите форми на империјална амбиција, истакна Орбан.

Според него, мрежата на Сорос работи со години за да ја претвори Европа во континент на имигранти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари