Утрински Весник
Свет

Орбан: Ги замрзнуваме цените на шест основни прехранбени производи

Орбан: Ги замрзнуваме цените на шест основни прехранбени производи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарската Владата одлучи да ги замрзне цените на шест основни прехранбени производи од 1 февруари, објави премиерот Виктор Орбан на социјалните мрежи.

Цените на шеќерот, пченичното брашно, сончогледовото масло, свинскиот бут, пилешките гради и млекото со 2,8 отсто маснотии поради поскапувањето на храната ќе бидат замрзнати на нивото што го достигнале кон средината на октомври минатата година, напиша Орбан во средата.

Сите продавници ќе мора да ги намалат цените на тоа ниво, нагласи унгарскиот премиер, додавајќи дека цените низ Европа растат поради поскапувањето на енергенсите.

„Одлуката на владата за замрзнување на цените ќе биде на сила три месеци, а доколку е потребно и подолго“, изјави денеска шефот на кабинетот на Орбан.

Владата во ноември минатата година ги ограничи цените на горивата на три месеци, а со истата мерка одлучи да го ублажи и поскапувањето на струјата за малите бизниси.

На Орбан му претстојат неизвесни парламентарни избори на почетокот на април, потсетува агенцијата „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина