Утрински Весник
Свет

Орбан: Во Европа владее лудило, не ми е грижа што вели Брисел за нашиот закон за заштита на децата

Орбан: Во Европа владее лудило, не ми е грижа што вели Брисел за нашиот закон за заштита на децата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарија ќе искористи референдум за своите измени на законот за заштита на децата со цел да ја зајакне својата позиција против Брисел, кажа денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој во изјава за државното радио рече дека оваа стратегија досега покажала резултати во односите со Брисел, бидејќи благодарение на референдумот за миграциските прашања од 2016 година не се воведени задолжителни квоти за прифаќање бегалци, а оттогаш ниту еден мигрант не се населил во Унгарија.

„Не ми е гајле што вели Брисел за нашиот закон за заштита на децата и не сакам Венецијанската комисија да се меша во тоа како Унгарците ги воспитуваат своите деца“, рече тој.

Орбан наведува дека Унгарија морала да го користи сопствениот здрав разум, бидејќи во Европа, како што тврди, „постои лудило, бран на непочитување на правата на родителите да ги воспитуваат своите деца“, вклучително и прашањето за нивното сексуално образование.

„Владата може да ги заштити интересите на земјата само доколку Унгарците ги поддржат нејзините напори“, заклучи Орбан.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија