Утрински Весник
Свет

Орбан: Војниците ќе го надгледуваат полицискиот час

Орбан: Војниците ќе го надгледуваат полицискиот час

Унгарските војници ќе бидат вклучени во спроведувањето на новите прописи за полициски час, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан преку видео на Фејсбук рече дека се консултирал со министерот за внатрешни работи Сандор Пинтер и министерот за одбрана Тибор Бенко за вклучување на војската за спроведување на полициски час и одржување на јавниот ред и мир и, каде што е можно, да го намали притисокот врз здравствените служби поради пандемијата на коронавирусот.

„ Нашите војници сега нема да ја бранат татковината во војна, туку ќе и помогнат на полицијата, централната администрација и здравствениот персонал во областите каде министрите за внатрешни работи и здравство сметаат дека е потребно“, рече Орбан.

Вчера пратениците ги продолжија специјалните овластувања на владата за 90 дена, овозможувајќи со уредба да ја суспендира примената на некои закони, да отстапи од законските одредби и да преземе други вонредни мерки.

Полицискиот час е во сила од 20:00 часот навечер до 05:00 часот наутро, а работата што се одвива надвор од куќата мора да биде оправдана.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници