– Бараме од Влада мерка изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот и засилени поригорозни мерки за ограничувања, соопштија од општинскиот кризен штаб.
Штабот бара од МВР да врши постојан увид и контрола во состојбата на почитување на мерка за собирање групи и движење на граѓани со запазување на минималното растојание од два метри на кејот, градскиот парк, плоштадот, соколана и парк кај градскиот базен.
Од општинскиот кризен штаб информираат и дека несовесни кумановци украле уред за прскање, а еден оштетиле.
– Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата на локација Средорек (улицата.„Доне Божинов“) и украден е уред за прскање на локација меѓу улиците „Биљановска“ и „Народна револуција“. Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини, соопшти штабот.
Оттаму посочуваат дека средствата што се користат на пунктовите за дезинфекција на возилата не се штетни ниту за луѓето ниту за автомобили, и побараа од граѓаните да ги отстранат, непрописно паркираните возила на јавно променти површини за да може непречено да се врши дезинфекција на отворено.ам/бт/