Велес, 16 март 2020 (МИА) – Општинската органзација на Црвен крст Велес ги информира граѓаните дека од денеска започнува со телефонското пријавување за домашни бесплатни кардилошки прегледи за граѓаните, мерење на шеќер во крвта и психолошка поддршка.
Лекарските прегледи стартуваат од утре.
Како што информира Орце Николов секретар на ООЦК Велес, целта е да се избегне посета на амбулатите каде има поголем број луѓе, а со тоа и големи шанси за ширење на Корона вирусот.
Активноста се реализа партнерски со Општина Велес кои ја обезбедуваат поголем дел од логистичката поддршка, како и ЈЗУ „Здравствен дом“ од Велес. Прегледите ќе се изведуваат во домовите на граѓаните откако претходно ќе се пријават на телефонските броеви: 078 254 729, 075 272 485 и 075 247 637.
– Кардиоваскуларните прегледи и мерење на шеќер во крвта ќе ги извршува лекар, специјалист кардиолог – волонтер во Црвен крст. Тој ќе извршува прегледи од типот: ЕКГ и мерење на шеќер во крвта, на оние граѓани кои имаат потреба од редовна контрола (седмична или месечна) за да го избегнат присуството кај матичниот лекар. Јавното здравје е заедничка одговорност, посочуваат од Црвениот крст.
Инаку поради состојбата со Корона вирусот во земјавата тие денеска ја одложија традиционалната манифестацијата по повод 17 март Денот на крводарителството и Ден на Црвениот крст на Р. Северна Македонија. На истата требаше да бидат доделени признанија на најуспешните крводарители во Велес и велешко на еден за сто пати дарувана крв на тројца за 75, и на 18 за 50 патти дарувана крв.
Од ООЦК Велес најавуваат дека манифестацијата планираат, во зависност како ќе се развива ситуацијата со Ковид-19, истата да се одржи по три месеци, односно на 14 јуни Светскиот ден на крводарителството. ад/аа/