Утрински Весник
Македонија

Општинскиот кризен штаб во Пехчево со нови мерки и препораки

Општинскиот кризен штаб во Пехчево со нови мерки и препораки

Пехчево, 16 април 2020 (МИА) – Општина Пехчево во соработка со МВР ќе ги интензивира контролите и патролите низ туристичката населба Равна река со цел избегнување масовни здружувања и движења во рамки на викенд полицискиот час. Ова е еден од главните заклучоци на одржаниот сотанок на Главниот координативен штаб во Пехчево на кој присуствуваа сите релаванти фактори задолжени за справување со заразата од КОВИД-19. Од координативниот штаб информираа дека во текот на утрешниот ден ќе бидат транспортирани лицата на кои им завршува карантинскиот престој во државните карантински установи.
-Во петок, 17 април, им завршува карантинскиот престој на лицата во државен карантин, при што во 16 часот ќе биде организирано нивно таканаречено „штафетно испраќање“. Со придружба на полициски службеници ќе се испратат моторните возила со кои ќе се транспортираат лицата на кои им завршува карантинскиот престој, истите ќе добијат посебни дозволи за тоа и ќе се движат по точно определени улици, информираа од кризниот штаб во Пехчево.
Како што додадоа согласно одлуката на главниот штаб, а однапред пријавените економски оператори ќе им биде овозможено да работат за време на викендот.
-Пријавени се три маркети кои ќе вршат достава за претстојниот викенд и два ресторани. Работата на здравствениот дом ќе работи непречено, додека Јавното комунално претпријатие „Комуналец” ќе врши редовна дезинфекција на територија на општина Пехчево, додадоа од Кризниот штаб.
На состанокот на Кризниот штаб беше соопштени дека во изолација во Пехчево во моментот се наоѓаат четири лица, двајца од Пехчево, едно лице од село Чифлик и едно лице од село Умлена. Во Пехчево до денеска нема заразаени со коронавирус. вс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор