Утрински Весник
Македонија

Општинскиот државен инспекторат почна активности за отстранување на урбана опрема од плажите на Охридското Езеро

Општинскиот државен инспекторат почна активности за отстранување на урбана опрема од плажите на Охридското Езеро

Охрид, 15 јуни 2020 (МИА) – Уредбата на Владата за враќање на плажите во првобитна состојба пред нивното издавење преку концесии почна да се реализира на терен. По налог на Општинскиот градежен инспекторат утрово почнаа активности за остранување на шанкови, монтажни објекти, друга урбана опрема, како и потпорни ѕидови од плажите на крајбрежето на Охридското Езеро кај „Свети Стефан“ на потегот пред Заводот за кадриоваскуларни заболувања.

Претходно екипите задолжени за уривање се обиделе да почнат со демонтирање на објекти на друга локација, но биле физички спречени од концесионерите кои забележувале на селективен пристап во акцијата.

Општина Охрид појасни дека се работи за отстранување на урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.

Од Локалната самоуправа најавуваат дека по завршувањето на активностите за отстранување на тој дел од крајбрежјето ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.

„Објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион“, стои во соопштението.

Владата на 63-та седница одржана на 10 јуни ја дополни Уредбата за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, која се однесува на плажите кои биле предмет на закуп, a што предвидува законска обврска за концесионерите чии договори се истечени или раскинати задолжително да ги вратат во првобитна состојба плажите со кои стопанисувале.

Министерот без ресор задолжен за комуникација во УНЕСКО Едмонд Адеми веднаш по донесувањето на Уредбата најави дека ќе се уриваат сите плажи каде се констатирани неправилности и каде има незаконски градби.

Одлуката наиде на спротивставени реакци кај јавноста. Дури и градоначалниците на Охрид и на Струга илегоа со дијаметрално противставени ставови.

Дел од концесионерите на плажите на Охридското крајбрежје покренаа иницијатива за оспорување на уставноста и законитоста на владината уредба, донесена во услови на вонредна состојба. аб/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето