Утрински Весник
Македонија

Општинската администрација во Виница и Чешиново-Облешево не работи со странки

Општинската администрација во Виница и Чешиново-Облешево не работи со странки

Кочани, 25 март 2019 (МИА) – Општинската админстрација во локалните самоуправи на Виница и Чешиново-Облешево преземаат дополнителни мерки за заштита од коронавирусот, поради што го прекинаа работењето со странки и го редуцираа работното време.

Сите контакти на вработените во Општина Виница со граѓаните се вршат преку телефон или по електронски пат, поради што се определени и одговорни лица за секој сектор поодделно.

-Општинската администрација од денеска ќе работи со скратено работно време, односно од 8 до 13 часот. Почитувајќи ги препорачаните мерки за заштита од пандемијата со коронавирусот, ќе се работат само итни и неодложни предмети, поради што бараме граѓаните да имаат разбирање за новонастанатата ситуација, се вели во писменото известување од Општина Чешиново-Облешево.

Од локалните самоуправи ги информираат и фармерите дека треба да се пријават во регионалните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да да добијат соодветна дозвола за движење.

Инаку, на денешниот пазарен ден во Виница целосно беше затворен градскиот пазар и за продавачите на земјоделски и прехранбени производи, но и за трговците со текстил и други артикли.та/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата