Утрински Весник
Македонија

Општините ќе одредат кои маркети ќе доставуваат продукти во текот на полицискиот час

Општините ќе одредат кои маркети ќе доставуваат продукти во текот на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Во согласност со новите мерки, кои стапуваат на сила утре во 16 часот, Општинските кризни штабови ќе треба да определат маркети од каде ќе се обезбедуваат граѓаните за време на продолжениот полициски час, објасни Владата преку соопштение до медиумите.

Имено, според одлуката од 36-тата владина седница, од утре полицискиот час за сите граѓани во работните денови ќе почнува во 16 часот и ќе завршува во 5 часот, а во викендите ќе има целосна забрана, односно полициски час од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Во времето што не е опфатено од полицискиот час споменат погоре, лицата над 67 години ќе може да излегуваат од дома само од 10 до 12 часот, а младите до 18 години ќе може да излегуваат само од 13 до 15 часот.

Во периодот на полицискиот час, од маркетите определени од општините продукти ќе доставуваат маркетите или волонтери, а фирмите што веќе вршат достава на храна преку онлајн нарачки ќе доставуваат и во сабота и недела.

Со новите мерки, предвидено е домашните миленичиња да може да се шетаат најдалеку 100 метри од зградата, од 20 до 20.30 часот во работните денови, а во време на викендот од 8 до 8.30 часот, потоа од 15 до 15.30 часот, како и од 20 до 20.30 часот. Притоа, треба да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Сите државни органи и институции и претпријатија, но и општинските власти, кои имаат вработени во Скопје што живеат во други градови и доаѓаат во главниот град на работа, ќе треба тие вработени да ги упатат на задолжително работење од дома. За останатите вработени, работното време ќе мора да се планира така сите тие да стасаат дома пред почетокот на забраната во 16 часот.

Од новите мерки се исклучени вработени во здравствените институции, полицијата, армијата, царината, како и земјоделците и сточарите.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија