Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општините од Брегалничкиот регион со швајцарска донација ќе обезбедат агромерни станици

Img 7972

Штип, 15 февруари 2020 (МИА) – Единасетте општини од Источно планскиот регион ќе обезбедат агромерни станици, кои ќе откриваат болести кај земјоделските култури. Александар Николов од Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) вели дека за реализација на овој проект беа организирани формуски сесии, а донаторот Швајцарската агенција за развој и соработка ќе донира вкупно 38.000 франци.

Во секоја од 11  општини ќе биде поставена по една агромерна станица. Во иднина овие станици ќе даваат параметри за евентуална појава на болести кај земјоделските култури во Источно планскиот регион, вели Николов.

Тој истакна дека општините од Брегалничкиот регион во март ќе ја имаат и третата форумска сесија за инвестиционите проекти, каде што повторно како донатор се појавува Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. На третата сесија ќе се утврди листа од три проекти, за коишто општините сметаат дека треба да се реализираат, а комисијата треба да одлучи и избере еден од проектите, во којшто ќе се инвестираат 110.000 швајцарски франци

Треба да изработиме три целосни предлог концепти и ќе ги дoставиме до донаторот, швајцарската Агенција за развој и соработка,и Министерството за локална самоуправа. Проектот ќе преставува интерес од социјална инклузија и ќе треба да се реализира до крајот на оваа година, вели  Николов

Лани преку истата програма се изгласа реконструкција на ски патека на Пониква, единстевниот скијачки центар во регионот. вдј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Струмичките пожарникари синоќа изгаснаа голем пожар во магацини на комуналното претпријатие

Одрон на патот Живалево – Туралево, сообраќајот по една лента