Утрински Весник
Македонија

Општина Јегуновце со мобилен тим ќе помага на ранливи категории за набавки на храна и лекови

Општина Јегуновце со мобилен тим ќе помага на ранливи категории за набавки на храна и лекови

Тетово, 16 март 2020 (МИА) – Руралната тетовска општина Јегуновце формираше мобилен тим за да им пружа помош на сите стари и изнемоштени лица и луѓе со посебни потреби како начин на превенција од ширење на болеста Ковид 19. Целта е ранливите категории на граѓани да останат дома и да не остваруваат непосреден контакт со останатите луѓе и да не се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со корона вирусот, информирата од општина Јегуновце.

-Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребни лекарства, прехранбени производи и средства за хигиена ќе може да телефонира и да побара помош со повик на следните телефонски броеви: 070-263-795, 071-364-812, 044-397-766. По повикот, во вашиот дом доаѓа мобилниот тим од општина Јегуновце и ќе ја прими вашата нарачка со потребните неопходни средства за купување и за кратко време ќе бидете услужени, соопштуваат од општина Јегуновце

Општина Јегуновце има 17 населени места со над 10 илјади жители и територија од над 176 квадратни километри. ас/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?