Велес, 27 мај 2020 (МИА) – Општина Чашка денеска почна со изградба на завршната фаза од централниот водоводен систем за потребите на жителите на село Дреново, во висина од околу 200 илјади денари обезбедени од буџетот на Општината, а изведувач на градежните работите е ЈПКД „Тополка“ од Чашка.
Како што информира за МИА, градоначалникот Горан Стојановски, тие денеска започнале со доизградба на примарна и секундарна мрежа во населеното место преку вградување на 750 метри црево и фасонски елементи.
– Со изградбата на централниот водовод се решава деценискиот проблем за жителите од ова населено место преку кој ќе се обезбеди квалитетна и питка вода за пиење за сите жители, како и подобрување на условите за живот во ова населено место, потенцира Стојановски.
Инаку минатата година со финансиска подршка од 300 илјади денари од МХЕ Мали Хидро Електрани „Тополки“ го изградиле резервоарот за вода со големина од 50 метри кубни. ад/мс/