Утрински Весник
Македонија

Општина Чаир обезбеди донација – ресурси за хигиенска заштита од корона вирусот

Општина Чаир обезбеди донација – ресурси за хигиенска заштита од корона вирусот

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Обезбедени се 15.000 заштитни маски и средства за дезинфекција, наменети за институциите и за граѓаните, соопштија денеска од Општина Чаир.

Од Општината наведоа дека средствата за заштита од корона вирусот се обезбедени со донација од компанијата „Milaya Capital LTD“.

– Во моментите кога грижата за здравствената благосостојба треба да биде на највисоко ниво, Општина Чаир останува фокусирана за да даде придонес во зајакнувањето на превентивните капацитети против Ковид-19, преку различни механизми на дејствување, истакнаа од Општината. см/ац/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска до Алиу: Зошто се кратат пари за пациентите со ретки болести 

Учество на министерот Муцунски на состанок за Коридор 8, Тирана, Албанија

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија