Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Општина Центар во соработка со Здружението за поддршка и развој „Хуманост” формира мобилен тим со цел поголема колективна безбедност и превенција од вирусот Ковид-19.
– Поради новонастаната ситуација, а со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати лица и да се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица над 60 години на територијата на Општина Центар, кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонскиот број 077 963 672, соопштија од Општина Центар.
Нашиот мобилен тим, додаваат, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост наложени од Владата, ќе дојде до нивниот дом, ќе им ја пружи потребната помош и поддршка, а дополнително и ќе им бидат обезбедени потребните прехранбени намирници, средства за хигиена и/или потребни лекови. мс/дма/