Утрински Весник
Македонија

Општина Центар ги дезинфицира станбените згради и јавните површини

Општина Центар ги дезинфицира станбените згради и јавните површини

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Екипи на Општина Центар и денеска ги дезинфицираат зградите во делови на Општината.

Како што соопштија од Општината, со средство за дезинфекција темелно се дезинфицираат влезовите, ходниците, заедничките простории и лифтовите, сѐ со цел намалување на опасноста од ширење на зарази, вируси и бактерии, вклучително и вирусот Ковид-19.

Со течен концентрат за дезинфекција и процес на чистење со активен кислород, кој има високо гермицидно дејство, општинските служби ги дезинфицираат и јавните површини околу зградите во Општина Центар.

Концентратот е еколошки, биоразградлив, воопшто не ја загадува околината и делува против сите видови грам-позитивни и грам-негативни бактерии, спори на бактерии, вируси и габички.

Денеска се распрскувшње на јавните површини во населбата Дебар Маало, а со оваа активност ќе се продолжи и во другите делови на Општината. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс на буџетот!

Ковачевски за 4ТВ: Мерките на Владата се задоцнети и недоволни, потребен е итен план!

Даде ли СДСМ согласност за Ковачевски да гостува на емисија? – „Им пишав, ама не ми вратија“, низ смеа вели екс премиерот!