Тетово, 1 јуни 2020 (МИА) – Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи по денешната средба на Кризниот штаб истакна дека повторно ќе побара од централните власти да ја укине забраната за јавен превоз на патници која е на сила за полошкиот регион. Забраната за јавен превоз е од 21 април.
-Инсистираме да се ослободи регионален превоз, имајќи во предвид фактот дека почнувајќи од денешниот ден започнува и да се ослободува меѓународниот сообраќај со дел од земјите со кои ние во близина. Во една таква логика кога зборуваме за една на проширување на комуникација, сметаме дека според стандарди истото треба да функционира и за полошкиот регион, рече Арифи.
Со оглед на зголемувањето на бројките на заразени со Ковид19 и најавите за воведување на рестриктивни таргетирани мерки за кои се споменува и Тетово, Арифи одговори дека со здравствените власти споредуваат тенденции и информации.
-Ние немаме информации дека има места каде се таргетираат построги мерки туку едноставно тоа што е многу важно е фактот дека ние сме влезени како држава во фаза на олабавување на мерките и тој процес сметам дека е важно да продолжи но со големо следење на целиот процес. Отворањето на работата на многу институции, на многу дејности, апсолутно треба да се следи во однос на тоа колку се почитуваат протоколите. Апсолутно дека тенденцијата светска е дека кога имавме строги мерки бројот можеше да се контролира на еден друг начин. Нормално отворањето ги има тие предизвици, да не бидат тие предизвици да бидат поголеми од институциите, многу е важно истите да бидат почитувани. Ќе продолжиме со сите другите активности во изминатите 10 недели, нема да се намали интензитетите на дезифекција, рече Арифи.
Според бројките на општина Тетово, денеска се регистрирани седум нови случаи на заболени.
Важно е да кажеме дека позитивните случаи од денес се главно од скринингот на спортските клубови во општина Тетово. Досега дијагностицирани се 215. Од овој број досега се излечиле 112 лица, а 21 починале, со што е бројот на заболени активен во Тетово и 5-те околни општини е 82, рече Арифи.
По општини, општина Тетово има најмногу 114 заболени и 7 починати. Општина Боговиње 50 (починати 6), Теарце 23 (починати 2), Брвеница 15 (починат 1), Јегуновце 6, Желино 7 (починати 3 лица).ас/бт/