Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица продолжува со изградба на канализациски системи во населените места

Општина Струмица продолжува со изградба на канализациски системи во населените места
Dik 300x250 mk

Струмица, 22 јуни 2020 (МИА) – Во населеното место Вељуса во тек е изградбата на на канализациски систем во должина од 7,5 километри. По населените места Дабиле и Просениково, ова е трет канализациски систем којшто се изведува во овој период во нашата општина.

-Инвестицијата е поддржана од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со 16 милиони и 500 илјади денари, а учествуваме и ние со проект и друга поддршка која е неопходна за реализација на ваков тип на проекти, додаде градоначалникот Јаневски.

Изградбата треба да заврши до крајот на годината, а канализациски системи ќе добијат и населените места Банско, Градско Балдовци и Баница. рт/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина