Утрински Весник
Македонија

Општина Ресен формира мобилен тим за помош на стари и лица со попреченост

Општина Ресен формира мобилен тим за помош на стари и лица со попреченост

Ресен, 15 март 2020 (МИА) – Општина Ресен формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со попреченост кои живеат на подрачјето на таа општина.

Од Секторот за односи со јавност информираат дека секој граѓанин од посочените категории, кој има потреба од набавка на лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена, а со цел да не остварува непосреден контакт со други лица сограѓани, и се изложи на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (коронавирус) ќе може секој ден да телефонира во Општина Ресен.

Контакт лица од мобилниот тим за помош на стари лица и лица со попреченост, назначени се Ружица Перевска и Иванчо Марически, кои во секој дел од денот ќе комуницираат на следните телефонски броеви 077/730-764 (Ружица Перевска) и 078/291-065 (Иванчо Марически)

Општина Ресен апелира граѓаните да се однесуваат одговорно и да останат дома. мт/дма/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: За трет албански универзитет Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ ќе потроши 34,5 милиони евра

Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска

Гаши: Ако Уставниот суд правилно чита, албанскиот јазик треба да се израмни со македонскиот