Утрински Весник
Македонија

Општина Охрид започнува со реализација на проектот „Ваш реонски општинар“

Општина Охрид започнува со реализација на проектот „Ваш реонски општинар“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Охрид започнува со реализација на проектот „Ваш реонски општинар“. Со проектот локалната власт се доближува до граѓаните со цел да се овозможи на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат, да се увиди состојбата на самото место односно самата улица и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид.

Со овој Проект градот Охрид е поделен на 5 реони при што точно се дефинирани границите на секој реон. За секој реон ќе бидат одговорни по двајца вработени во локалната самоуправа кои преку теренски активности и средби со граѓаните ќе прибираат информации за сите нивни проблеми и потреби. Преку web страната на Општина Охрид и на телефонски број 072 800 705 охриѓани ќе можат да воспостават непосреден контакт со реонскиот општинар и ќе можат да договараат средби на местото каде е посочен комуналниот проблем.

Текстот Општина Охрид започнува со реализација на проектот „Ваш реонски општинар“ е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Двајца штипјани извадиле 90.000 денари од туѓа картичка

Возач нападнат, возилото оштетено на патот Јурумлери–Драчево!

Амбасадата потврди заминување на Агелер од Македонија