Утрински Весник
Македонија

Општина Маврово и Ростуше со над 32 милиона денари ќе ја подобрува инфраструктурата поврзана со туризмот

Општина Маврово и Ростуше со над 32 милиона денари ќе ја подобрува инфраструктурата поврзана со туризмот

Дебар, 27 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски денеска потпиша договор за подгрант за инвестиции во сферата на инфраструктурата поврзана со туризмот.

-Градоначалникот Куртовски и дректорот на Националнот парк „ Маврово“, Самир Ајдини, аплицираа за проектот „Развој на туризмот во мавровската долина“ при што е добиен подгрант во износ од 32.080.623 денари од страна на Владата преку Меѓународната банка за обнова и развој. Ќе се реализира преку Единицата за спроведување на проектот (ЕСП) „Локална и регионална конкурентност“, информираа од општината.

Додаваат дека со проектот предвидена е реконструкција на стражарската куќа во близина на водопадот Дуф, поправка на дрвените мостови на патеките, како и реконструкција на пешачка патека во должина од еден километар.

-Исто така, предвидена е набавка на дрвени пултови за рекламен материјал од локални производители, набавка на дрвени пултови за производи и сувенири, поставување на детски играчки во просторот на инфо-центарот, набавка на корпи за отпадоци, клупи и столови за одмор, набавка на теренски возила за сафари турата, дообјаснуваат од општината.

Предвидено е и поставување на станица за изнајмување на електрични велосипеди, мобилна апликација за заштита на електричните велосипеди и нивно отклучување во склоп на велосипедската станица, набавка на 10 електрични велосипеди со ГПС(GPS) уреди, како и многу други содржини.

Општина Маврово и Ростуше и НП „Маврово“ за реализација на овој проект ќе кофинансираат 10 отсто од вкупните финансиски средства предвидени за реализација на проектот.вт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс на буџетот!

Ковачевски за 4ТВ: Мерките на Владата се задоцнети и недоволни, потребен е итен план!

Даде ли СДСМ согласност за Ковачевски да гостува на емисија? – „Им пишав, ама не ми вратија“, низ смеа вели екс премиерот!