Утрински Весник
Македонија

Општина Куманово почна со дистрибуција на решенија за данок на имот

Општина Куманово почна со дистрибуција на решенија за данок на имот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово, 25 јуни 2020 (МИА) – Секторот за даноци и такси при Општина Куманово  ги информира граѓаните дека почна дистрибуцијата на даночни решенија за данок на имот за 2020 година.

 

Од Одделението за односи со јавност од Општина Куманово посочуваат дека Решенијата за правни лица, физички лица и комунална такса (фирмарина), како и опомените за правни лица и комунална такса (фирмарина) за 2019 година ќе се дистрибуираат преку пошта.

Истовремено, ги покануваме сите даночни обврзници, односно сопственици или корисници на имоти во Општина Куманово, кои не примале rешенија за данок на имот за 2020 година, да се пријават во канцалариите на Сектор за даноци и такси на Општина Куманово (спроти градскиот стадион) за  подигнување на даночното решение или за информации за понатамошна постапка, наведуваат од Општина Куманово.ам/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Железницата повторно во нормала – 24info.mk

Утре променливо облачно со дожд и снег на планините

Патничко возило падна во реката Радика кај Бигорскиот манастир