Утрински Весник
Македонија

Општина Куманово на 11 општини им даде комплет светилки на трајно користење

Општина Куманово на 11 општини им даде комплет светилки на трајно користење
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово, 17 март 2020 (МИА) – Советот на Општина Куманово на последната седница донесе одлука за давање на трајно користење, комплет светилки на единаесет општини од државата. Во Куманово веќе се заменети постоечките светилки со нови преку јавно-приватно партнерство кое општината го склучи минатата година со приватна компанија.
– Советот на последната седница донесе одлука да даде на трајно користење на движни ствари, комплет светилки на 11 општини од државата. По 500 светилки се дадени на Ранковце, Старо Нагоричане,  Пехчево, 200 на Арачиново, по 100 на Крива Паланка, Чешиново -Облешево, по 50 на Дебарца, Свети Николе, Могила и 1.000 на Општината Кратово,  информираше овластениот раководител на Секторот за правни и општи работи, Марјан Петковски.
Во Куманово, од минатата година почна  имплементацијата на јавното – приватно партнерство за модернизација на осветлувањето во градот. Општина Куманово и приватниот партнер фирмата „ИЦС Системи“ од Чешка, подружница Охрид, го потпишаа договорот  за модернизација на јавното осветлување и воспоставување на јавно-приватното партнерство  на 15 јули, минатата година. Приватниот партнер  инвестира 4, милиони евра за поставување ново осветлување и подобрување на мрежата на јавно прометните површини со штедливи лед светилки и рефлектори на 9.340 светлечки места со модерен систем за управување. ам/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите