Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Куманово го укина надоместокот за поставување на урбана опрема, летни бавчи и друга опрема

Кумановскиот кризен штаб останува на барањата упатени до државните институции
Img 7972

Куманово, 30 април 2020 (МИА) – Угостителите и други субјекти од Куманово до крајот на годината нема да плаќаат сметки за користење на летни бавчи и друга урбана опрема, одлучија советниците на последната седница на општина Куманово.

Надлежните од секторот за комунални дејности од општина Куманово денеска информираа дека  претходно, надоместокот за времено користење на градежно неизградено земјиште согласно програмата за уредување на градежно земјиште на подрачје на Куманово, според зоните се движел од три, два и еден денар за метар квадратен на ден.

-Новата одлука предвидува ослободување од надоместокот по однос на сите ставки до крајот на годината, појаснуваат од секторот.

Оваа одлука ја донесоа советниците, а следеше како заедничка иницијатива на општината и на угостителите, кои меѓу првите се соочија со економски пад како последица од пандемијата на Ковид 19. На овој начин сметаат надлежните ќе се ублажат негативните економски последици со кои се соочуваат угостителите.

Од секторот појаснуваат дека не можат да интервенираат во комуналната такса која законски е утврдена и според податоците во Куманово изнесува пет денари за метар квадратен што е најниска ставка, согласно Законот. ам/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка